ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Кочани - одраз на граѓанското незадоволство

Во оризовиот град имаше само двајца кандидати за градоначалници, но интересна беше борбата за советници каде жителите јасно им ставија до знаење на големите партии дека се незадоволни од досегашните политики.

Фото: Владимир Ѓоргиев / Википедиа

Борбата за градоначалничкото место во Кочани сепак ќе се решава во вториот круг бидејќи никој од кандидатите не го надмина прагот од 50%+1. Води Николчо Илијев од СДСМ со 473 гласа пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов (7.963 гласа наспроти 7.490 или во проценти 48,16 : 45,30). Дури 1.082 ливчиња се неважечки.

Но, борбата за советнички места во Советот на Кочани е многу поразлична. Освен двете најголеми партии, таму своја листа имаа и Левица, ЛДП/ДОМ, како и Венко Крстевски, кој всушност успеа да ги победи овие две партии.

Двете најголеми партии повторно се лидери, а СДСМ има блага предност од 159 гласа. Зад нив кај советниците е листата на Венко Крстевски со 1.382 гласа (или 8,36%), потоа Левица со 846 гласа (5,12%) и ЛДП/ДОМ со 756 гласа (4,57%). И тука има неважечки ливчиња - 870, а кога ќе се соберат сите освен оние гласови на двете најголеми партии, се доаѓа до бројка од речиси 4.000 гласачи незадоволни од двете најголеми партии.

Резултати од изборот за советници

Во Кочани на избирачкиот список има 32.972 гласачи, но гласале половина, односно 16.535 или 50,15%, што говори и за иселеноста со која се соочува овој град.

Иако Крстевски оствари подобар скор од минатите избори, сепак не е задоволен што во Советот влегува со само еден советник.

„Кочанчани за жал немаат причина да кажат дека се победници на овие избори, затоа што имаме повторно само еден советник. Пропуштивте историска шанса градот да биде во ваши раце“, напиша тој на Facebook.

реклама

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе