Кога треба да го испиете првото кафе во денот?

Кафето ни помага да се разбудиме наутро, и покрај тоа, овој пијалак има бројни здравствени придобивки.

Но, без разлика што ви се чини дека е најдобро да се напиете кафе веднаш штом се разбудите, сепак има подобро време за првата шолја кафе, за да можете целосно да ги искористите сите придобивки што ви ги нуди кафето.

Имено, не треба да пиете кафе штом станете од кревет, туку еден час откако ќе се разбудите. Во тој момент, производството на кортизол во телото е на еден од трите пикови во текот на денот, покажаа резултатите од една клиничка студија.

Кортизолот генерално се смета за „хормон на стресот“ затоа што се лачи во поголеми количини кога чувствуваме стрес или напнатост во околности за кои сметаме дека се напорни. Но, кортизолот, исто така, може да се смета за „хормон на будност“, бидејќи причината зошто телото произведува повеќе кортизол кога сме под стрес е да нѐ разбуди и да бидеме „на штрек“.

Внесувањето кофеин додека телото е во пикот на производството на кортизол го учи телото да произведува помалку кортизол, велат хронофармаколозите кои го проучуваат начинот на кој супстанциите, како кофеинот, влијаат на природните биолошки ритми на нашето тело.

Ова не само што го поткопува ефектот на кофеинот, туку и ја намалува способноста за разбудување што ја има кортизолот. Покрај тоа, може да придонесе за развој на толеранција на кафе што значи дека ни треба се повеќе и повеќе кафе за да ги постигнеме истите ефекти.

Значи, за целосно искористување на ефектите што ги нуди кафето, испијте ја првата шолја еден час откако ќе се разбудите, советува The Healthy. Вториот пик на производство на кортизол е околу 13 часот, а потоа околу 17 часот, па во некои од тие моменти можете да ја испиете следната шолја кафе.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе