Кога треба да престанете со пиење кафе ако сакате да се наспиете?

На многумина им започнува денот со шолја кафе или чај. Навиката на пиење кафе во текот на денот понекогаш може да се продолжи до вечер, а некои луѓе забележуваат дека тоа им влијае на сонот.

За да одговорат на прашањето како паметно да консумирате кафе, односно како да не дозволите кофеинот да влијае на одморот и на сонот, CNN разговараше со Роб М. Ван Дам, истражувач нутриционист од Универзитетот во Сингапур. Тој објаснува колку кофеин е премногу и што треба да знаете за тоа зошто кофеинот влијае различно кај луѓето.

Како да оцените кога треба да го испиете последното кафе за да не ви влијае на сонот?

Според Ван Дам, нема универзален одговор бидејќи луѓето различно реагираат на кофеин. Тој истакнува дека и животниот стил има влијание на внесувањето кофеин. Така, пушачите го процесираат кофеинот во црниот дроб двапати побрзо од останатите, па тие ќе можат и подоцна да пијат кафе.

Ако одеднаш почувствувате нервоза, треперење или промена во срцевите отчукувања, тоа може да значи дека сте консумирале премногу кофеин. Тогаш тоа ќе влијае и на сонот.

Генерално, се препорачува внесувањето на кофеин да не биде поголемо од 400 милиграми по ден, дури и помалку. Една шолја кафе отприлика има 100 милиграми кофеин па четири шолји кафе се сметаа за горна граница.

Според други препораки, не треба да се надминат 200 милиграми на ден. Според Ван Дам, луѓето кои имаат доволно енергија и добро спијат немаат потреба од кофеин. Нема причина да пијат кафе ако немаат потреба од кофеин. Што се однесува до влијанието на кофеинот врз здравјето во смисла на ризик од канцер или развој на кардиоваскуларни болести, истражувањата покажаа дека кафето во умерени количини нема штетни ефекти.

Тагови
реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе