Кои легендарни улоги ги одбил Том Хенкс?

Том Хенкс, еден од најуспешните актери во Холивуд, со децении е првиот избор на многу режисери.

Во текот на неговата кариера, на Хенкс му беа понудени улоги во бројни филмски класици, од кои некои се паметат како најдобри филмови на сите времиња. Но поради набиен распоред или други лични причини познатиот актер морал да одбие некои од нив.

Во продолжение дознајте во кои познати филмови Том Хенкс одбил улоги во текот на кариерата.

Jerry Maguire

Според Collider, улогата на Џери Мегваер, која ја толкува Том Круз во истоимениот филм Jerry Maguire, е напишана за Том Хенкс. Кога почнал да го пишува сценариото за филмот, режисерот Камерон Кроу го замислил Том Хенкс, кој во тоа време бил ѕвезда на романтични комедии.

Бидејќи процесот на пишување на сценариото траеше долго, Хенкс имаше 40 години и имаше два Оскари кога конечно му беше понудена улогата, поради што мораше да ја одбие. Исто така, познатиот актер во тоа време работеше на филмот That Thing You Do!.

Remote video URL
The Shawshank Redemption

Пред Тим Робинс да ја преземе улогата на Енди Дуфрен во The Shawshank Redemption, Том Хенкс беше еден од главните избори. Но, актерот реши да донесе една од најважните одлуки во кариерата и да ја одбие улогата на Енди за да се посвети на снимањето на Forrest Gump, пишува Screen Rant.

Таа одлука се исплатеше бидејќи Forrest Gump му донесе втор Оскар за најдобар актер. Исто така, филмот беше огромен комерцијален успех.

Remote video URL
Groundhog Day

Хенкс беше првиот избор за улогата на себичниот и нарцисоиден Фил Конорс во комедијата Groundhog Day, но реши да ја одбие за да не им го расипе заплетот на филмот на гледачите, пишува Collider. Имено, во тоа време Хенкс глумеше ликови кои на почетокот делуваат намќор или нервозни, но со текот на времето излегуваат дека се добри луѓе.

„Публиката ќе седеше таму и чекаше да бидам добар, бидејќи јас секогаш играм добри ликови. Но, Бил Мареј е толку беден, дури и кога не е пред камерата, никогаш не знаеш што ќе се случи со него“, се пошегува Хенкс.

Remote video URL
Batman Forever

Том Хенкс беше еден од првите избори за улогата на Бетмен во филмот Batman Forever од 1995 година, пишува Uproxx. За негова среќа и неговите обожаватели, Хенкс ја одбил улогата, која потоа му припаднала на Вал Килмер. Иако филмот беше комерцијален успех, многумина го сметаат за еден од најлошите филмови за Бетмен.

Remote video URL
Nixon (1995)

Том Хенкс и Џек Николсон беа првите избори за улогата на Ричард Никсон, во биографскиот филм во режија на Оливер Стоун. Според Mental Floss, Стоун му пришол на Хенкс затоа што Хенкс требало да глуми во нереализиран проект The Passion of Richard Nixon. Но, откако Хенкс ја одби улогата, Стоун му ја понуди на Ентони Хопкинс, кој беше номиниран за Оскар за неговата изведба.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе