Кои луѓе не треба да пијат кафе?

Кафето може да се дефинира како еликсир на здравјето. Утврдено е дека го намалува ризикот од рак на простата, срцева слабост, дури и губење на слухот, а исто така може да ни помогне да слабееме.

Но, за одредени луѓе, кафето може да има повеќе негативни отколку позитивни несакани ефекти. Нутриционистите открија за Eat This кои луѓе треба да го прескокнат пиењето кафе.

Луѓе со синдром на нервозни црева

Кафето може да ни помогне да имаме редовни празнења на дебелото црево, но ги зголемува и шансите за дијареа, која е главен симптом на синдромот на нервозни црева (Irritable Bowel Syndrome-IBS, познат и како Синдром на иритабилно дебело црево). Затоа, доколку ја имате оваа состојба, се препорачува да го ограничите или целосно да го избегнете кафето.

Луѓе со глауком

Според Ангел Планелс, кој се повикува на една неодамнешна студија, интраокуларниот притисок кај луѓето со глауком се зголемува кога консумираат кафе, па затоа се препорачува да се ограничи и избегнува консумацијата на овој пијалок, но потребни се дополнителни истражувања на оваа тема.

Луѓе со хиперактивен мочен меур

Диететичарката Сју Хеикинен вели дека внесот на кофеин може да ја зголеми зачестеноста и итноста на мокрењето. Затоа е добро да го избегнувате кафето пред долги патувања.

Луѓе со проблеми со срцето

Бидејќи кофеинот може да предизвика привремено зголемување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето, важно е секој со постоечка срцева болест да разговара со својот лекар за тоа дали и колку кафе е безбедно за пиење.

Бремени жени

Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија препорачува бремените жени да го ограничат кофеинот на 200 милиграми дневно за да го намалат ризикот од спонтан абортус, предвремено раѓање и бебиња со мала тежина. Тоа би значело дека трудниците не треба да консумираат повеќе од две шолји кафе дневно.

Доилки

Бидејќи кофеинот е стимуланс и диуретик, постои загриженост дека доилката може да биде изложена на ризик од дехидратација. Американското здружение за бремени жени сугерира да избегнувате кофеин колку што е можно за време на бременоста и доењето.

Луѓе со нарушувања на спиењето

Посегнуваме по кафе кога сакаме повеќе енергија. Тоа влијае на квалитетот на сонот, што значи дека треба да избегнувате да го пиете најмалку шест часа пред спиење.

Луѓе со анксиозност или склони кон напади на паника

„Кофеинот е стимуланс што може да ја влоши анксиозноста кај некои луѓе“, вели диететичарот Кели Мекгрејн.

„Ако редовно доживувате анксиозност или напади на паника, размислете за избегнување или намалување на внесот на кафе со кофеин“, предупреди таа.

Луѓе кои страдаат од дијареа

Некои луѓе се колнат дека утринската шолја кафе им го подобрува варењето, но тој ефект не е пожелен ако се борите со дијареа. Кафето со кофеин може да биде подобар избор во тој случај, иако се знае дека топлите течности ги стимулираат цревата.

Луѓе со епилепсија

Иако студијата е ограничена, се покажа дека прекумерното консумирање кафе е поврзано со зголемена фреквенција на епилептични напади.

Деца

Иако кофеинот може да придонесе за раздразливост кај возрасните, тој има посериозни несакани ефекти кај децата. На пример, премногу кофеин кај децата може да доведе до забрзано отчукување на срцето, зголемено чувство на анксиозност, тешкотии со концентрирање и стомачни тегоби.

Друг аспект што треба да се земе предвид, особено кај малите деца, е дека кафето може да ги прикрие знаците на глад, така што малите деца можеби нема да ги добиваат хранливите материи што им се потребни за раст и развој. Исто така, имајте на ум дека самото кафе е доста кисело и како резултат на тоа може да ја оштети забната глеѓ и да го зголеми ризикот од расипување на забите.

Луѓе со гастроезофагеален рефлукс

Кофеинот може да го релаксира долниот езофагеален сфинктер, кој е вентил помеѓу хранопроводникот и желудникот. Ова може да предизвика киселата содржина на желудникот да влезе во хранопроводникот, што резултира со непријатни симптоми на гастроезофагеален рефлукс.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе