Кои пет „здрави навики“ се всушност мит?

Од мали нозе не учат дека мораме да водиме сметка за себеси - да се храниме правилно, порано да одиме на спиење, да вежбаме, да внесуваме витамини и минерали. Меѓутоа, некои од овие таканаречени „здрави навики“, всушност се само мит.

Додатоци во исхраната - витамини

Во понудата постојат голем број на витамински препарати, кои, наводно не штитат од настинка и не прават поздрави и повитални. Всушност, витамините служат за регулирање на процесите во нашето тело и за стимулирање на одредени хормони. Советот на докторите е да се води сметка и да не се внесуваат премногу додатоци во исхраната, бидејќи на тој начин тие можат да бидат контрапродуктивни за организмот.

Жолтиот шеќер е поздрав од белиот

Станува збор за уште една заблуда, бидејќи жолтиот шеќер е ист како и белиот. Единствена разлика е тоа што жолтиот шеќер содржи густа течност со темна боја. Главната заблуда лежи во тоа што многумина сметаат дека тој е поздрав, бидејќи не е сладок како белиот.

На секого му се потребни осум часа сон

Експертите веќе со години полемизираат на оваа тема. Заклучено е дека недостатокот на сон и физичка активност, негативно влијаат на здравјето на поединецот, но на некои луѓе едноставно им се доволни шест часа сон, додека на некои нема да им биде доволно ниту ако спијат по девет часа. Секоја индивидуа си има поинаков животен ритам и навики.

Антибиотикот ги убива вирусите

Ако имате грип за време на зимската сезона, тогаш докторот веројатно ќе ве испрати дома, со совет да внесувате што повеќе течности и да одмарате, без антибиотици. Антибиотикот не се дава бидејќи тој не ги убива вирусите, како што е грипот во случајов, туку тој се препишува само ако станува збор за воспаление или бактерија.

Алкохолот ги уништува мозочните клетки

Никој не препорачува консумација на алкохолни пијалаци, освен чашка вино за ручек, но експертите докажаа дека е мит мислењето за тоа дека алкохолот уништува мозочни клетки. Тој влијае на метаболичките процеси и прекумерната доза може да доведе до недостаток на кислород во организмот, што доведува до проблеми поврзани со клетките во мозокот, но дефинитивно не ги уништува.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе