Кои половни автомобили најчесто се со вратена километража?

Купувањето половен автомобил може да биде многу стресно бидејќи тоа е многу нетранспарентен пазар. Но и тоа полека се менува.

Така, истражувањето на carVertical, компанија за обработка на податоци за автомобили, откри дека речиси половина од автомобилите BMW на платформата биле оштетени. Истиот бренд е популарен и меѓу крадците, со учество од 17,7%. Треба да се напомене дека BMW заедно со Volkswagen е и најпопуларен бренд меѓу користените возила.

Важен факт е дека во 2023 година, 7,5% од сите возила проверени на оваа платформа имале вратена километража од вкупно 7,7 милијарди километри.

На секој 13-ти автомобил му е враќана километражата

Од сите возила проверени на carVertical во 2023 година, на 7,5% им била враќана километражата. Тоа значи дека еден од 13 автомобили на пазарот има изменета километража, што доведува до тоа купувачите да плаќаат премногу за такво возило. Оваа платформа забележа вкупно 7,7 милијарди вратени километри, што е благ пораст во однос на 7,4 милијарди една година порано.

Највисоката вратена километража е забележана на Volvo V70, и тоа за неверојатни 450.000 километри. Можете само да замислите колкава била вистинската километража пред да биде вратена. Сепак, никој не може да ја победи Toyota RAV4 со 993.000 вратени километри. Во овој момент, веројатно поминала и милион километри, што е респектабилна бројка за секој мотор.

Одредени брендови на возила се поподложни на измами со километражата. На дури 14,3% од сите автомобили на Opel им била вратена километражата, што ја истакнува важноста на проверките на историјата при купување половен автомобил. По Opel следат Jeep (12,8%), Land Rover (11,4%), Lexus (10,8%) и Porsche (10,5%).

Враќањето на километражата е почеста кај постарите автомобили. Податоците велат дека 13,8% од сите автомобили произведени во 1995 година имаат вратена километража, што ги прави автомобилите произведени оваа година најризични за купување.

Измамата со километражата е честа и кај автомобилите произведени помеѓу 2012 и 2016 година, каде што стапката на измама е околу 11%. До бројачите на километри на поновите автомобили може да се пристапи со помош на специјални компјутерски дијагностички алатки и не е потребна механичка интервенција.

Најчесто проверуван автомобил во 2023 година

Кога станува збор за омилените возила кај корисниците на платформата, BMW го зазема првото место со удел од 14,7%. Тоа значи дека еден од седум автомобили проверени на платформата е произведен од овој производител. Volkswagen (14,3%), Audi (11,9%), Mercedes-Benz (8,4%) и Ford (5%) беа исто така популарни избори.

Најпрефериран модел на carVertical во 2023 година беше Volkswagen Golf (сочи 4,9% од сите проверки на историјата на платформата). BMW Series 3 (4,89 %),  Volkswagen Passat (3,8 %), BMW Series 5 (3,7 %) и Audi А4 (3,5 %) се исто така чест избор на купувачите на половни автомобили.

И додека возачите преферираат различни бои на автомобили, црната (29,6%), сивата (26,6%) и белата (18,8%) доминираат на пазарот. Процентот на екстравагантни бои како зелена, виолетова или жолта ретко надминува 1%.

Истражувањето анализираше информации од 26 различни земји: Велика Британија, САД, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Романија, Литванија, Латвија, Естонија, Словачка, Словенија, Хрватска, Украина, Чешка, Полска, Бугарија, Србија, Шведска, Швајцарија, Данска, Финска, Австралија и Мексико. Сите информации се засноваат на собраните податоци на компанијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе