Кои се најсигурните автомобили во кои возачите имаат доверба?

Новото истражување открива кои компании произведуваат најсигурни автомобили, како и кои модели на автомобили се издвојуваат во овој поглед.

Победникот е сè само не изненадување.

Она што воопшто не изненадува е тоа што Lexus се појави како најсигурен бренд на годината, при што Lexus NX е најсигурниот индивидуален модел на автомобил, со речиси совршен резултат. Околу 6.000 возачи учествуваа во составувањето на Honest John Satisfaction Index кој може да им помогне на оние кои планираат да купат ново возило.

Lexus води кога станува збор за задоволството на сопствениците, со вкупен резултат од 92,37 проценти. Јапонскиот премиум бренд, исто така, беше најдобро рангиран во Велика Британија по прашање на сигурноста, со просечна оценка од 9,89 од 10.

Брендот Dacia е втор со индекс на задоволство на клиентите од 92,16 проценти, додека Tesla е веднаш зад него со 92,12 проценти. Ова е првпат производителот на електрични автомобили со седиште во Тексас да се појави во Honest John Satisfaction Index.

Уште два премиум производители, Porsche (90,91 отсто) и Jaguar (90,53 отсто), ги комплетираа првите пет брендови според параметарот за задоволство на сопственикот.

Најновата верзија на Hyundai Tucson е најдобриот автомобил во Велика Британија според задоволноста на клиентите во овогодинешната студија, со просек од 96,64 проценти.

Достапен како хибриден, plug-in хибриден или чист електричен модел, тој доби пофалби за неговите добри перформанси, леснотијата на возење и сигурноста.

Најлошо кога станува збор за задоволството на сопственикот помина Mercedes-Benz GLC (модел 2015-2022). Причината се високите трошоци за поправка и лошата економичност, па затоа доби вкупна оценка од 80,98 отсто. Следи Toyota RAV4 (модел 2013-2019) на второ место со 85,07 проценти, додека трет е Ford Fiesta (2013-2017) со 85,62 проценти.

Секоја година, HonestJohn.co.uk ги поканува сопствениците на автомобили да ги оценат своите возила (со 10 што е максималната оцена) во неколку важни области. Тие вклучуваат економичност, сигурност, практичност и безбедност, како и перформанси на автомобилот, удобност и леснотија на возење.

Ден Пауел, уредник на HonestJohn.co.uk, коментира: „Доброто рангирање на Lexus во Honest John Satisfaction Index е конзистентно, со тоа што јапонскиот бренд беше најдобар и во 2017 и 2020 година.“

Сега го врати првото место со фантастичен индекс од 92,37 отсто во однос на задоволството на сопствениците. Lexus, исто така, води во категоријата на најсигурни автомобили, со NX (2014-2021) оценет како најсигурен модел во ОК.

Електричните автомобили се појавија и во овогодинешното истражување, а Tesla за првпат се појави во топ 10.

Треба да се издвојат и Hyundai Kona Electric и Kia e-Niro, кои покажуваат дека новите електрични автомобили се подеднакво задоволувачки како и нивните еквиваленти на бензин и дизел.

„Ние во HonestJohn.co.uk се гордееме со нашата репутација за давање искрени и непристрасни совети за сите аспекти на моторните возила. Затоа секоја година ги анкетираме нашите читатели за да го споделат со нас доброто, лошото и грдото во поседувањето автомобил.“

Најсигурни автомобилски брендови

Lexus (92.37 %)

Dacia (92.16 %)

Tesla 92.12 %)

Porsche (90.91 %)

Jaguar (90.53 %)

Toyota (90.35 %)

Hyundai (90.16 %)

Kia (90.13 %)

Land Rover (89.93 %)

Subaru (89.72 %)

Најсигурни автомобили

Lexus NX (2014 – 2021)

Hyundai Tucson (2021-)

Kia XCeed (2019-)

Skoda Superb (2015-)

Jaguar XF (2015-)

Jaguar F-Pace (2016-)

Toyota Auris (201 – 2019)

Dacia Duster (2018-)

BMW i3 (2013 – 2022)

Toyota RAV4 (2019-)

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе