Кои се највлијателните личности во светот според Forbes?

Магазинот Forbes ја објави годишната листа на највлијателни луѓе во светот за 2016 година. Листата ја предводи рускиот претседател Владимир Путин, четврти пат по ред.

„Највлијателниот човек во светот четврта година на ред е претседателот на Русија, кој го шири влијанието на својата земјата речиси во секој агол на светската мапа“, се наведува во образложението.

„И во својата татковина, и во Сирија, и на претседателските избори во САД, рускиот челник продолжува да го постигне сето она што тој го посакува“, забележува Forbes.

На второто место е новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а на третото германската канцеларка Ангела Меркел којашто претходната 2015 година беше втора во ова рангирање.

„Заземајќи го второто место, избраниот претседател Доналд Трам, се чини, се покажува како имун на скандалите, на неговата страна се двата дома на Конгресот, а неговото лично богатство се проценува во милијарди“, пишува Forbes, во коментарот во кој пласманот на Меркел „по игра на случајот ја прави најмоќната жена на светот, бидејќи ….. таа е главниот столб на Европската унија“.

Четврти е кинескиот претседател Кси Џинпинг, а петти е поглаварот на Римокатоличката црква Папата Францис.

На листата се и соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, индискиот премиер Нарендра Моди, а „десетката“ ја заокружува основачот на Facebook, Марк Цукерберг.

Американскиот претседател на заминување Барак Обама е само 48-ми на листата. Пред него се британската премиерка Тереза Меј на 13-та позиција, дури и францускиот претседател Франсоа Оланд на 23-то, иако во својата земја има историски најнизок рејтинг и е еден од двајцата француски челници кои нема да се кандидира за вториот мандат. Јапонскиот претседател Шинзо Абе, како 37-ми, исто така, е пред Обама.

Во оваа група личности кои се повисок рангирани од Барак Обама, влегуваат и сопствениците на корпорацијата Alphabet на интернет пребарувачот Google, Лери Пејџ и Сергеј Бирн, кои ги заземаат 8-та и 30-та позиција на листата на Forbes. Челникот на компанијата Apple Тим Кук е 32-ри, а медиумскиот магнат Руперт Мардрок е на 35-то место.

Новоизбраниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и филипинскиот претседател Родриго Дутерте се 70-ти, а веднаш зад нив е водачот на исламистичката терористичка мрежа Ал Каеда, Ајман ал-Завахири.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе