Кои се трите најсреќни знаци според египетскиот хороскоп?

Според датумот на раѓање се одредува кој знак сте во египетскиот хороскоп.

Египетскиот хороскоп се состои од 12 знаци, различни од класичната западна астрологија. Секој знак има одредени карактеристики, вредности и особини, но три знаци се издвојуваат по нивната среќна судбина, храброст и квалитетни особини.

3 најсреќни знаци според египетскиот хороскоп:

НИЛ

(родени од 1 до 7 јануари, од 19 до 28 јуни, од 1 до 7 септември и од 18 до 26 ноември)

Нил е првиот знак на египетскиот хороскоп и претставува нов почеток и позитивни животни промени. Овој знак е симбол на плодност и успех, а луѓето кои го носат имаат многу мирна енергија и природа. Нивната предност е што негуваат самољубие. Не сакаат конфликти и секогаш се трудат да го зачуваат мирот околу себе. Тие често се водени од страста, но колку што се страсни, тие се и мудри. Тајната на нивниот успех е во тоа што тие вешто го набљудуваат светот околу себе и тоа искуство го користат за да ги планираат своите активности во иднина. Тие се многу практични, но и паметни. Имаат развиена харизма и лесно привлекуваат луѓе околу себе. Сакаат материјална сигурност и заслужени награди, но веруваат и дека помагањето на другите е предуслов за добар живот.

ГЕБ

(родени од 12 до 28/29 февруари и од 20 до 31 август)

Според легендата, Геб бил древниот египетски бог на земјата, а луѓето родени во овој знак имаат добро срце, емотивни се и секогаш се во контакт со чувствата и потребите на другите луѓе. Тие се многу интуитивни и внимаваат на личниот духовен развој, па понекогаш, толку замислени и мистични, може да изгледаат како да се затворени во себе. Заштитнички се настроени, а нивната харизма и дарежливост ги прават идеални партнери во љубовта. Генерално имаат богат социјален живот, добри односи со семејството и пријателите. Иако се многу чувствителни, знаат да ја задржат присебноста и тактичноста. Во својата кариера, тие ја комбинираат духовната свест со интелектот, а најмногу им одговараат работи поврзани со пишување, предавање и советување.

ХОРУС

(родени од 20 април до 7 мај и од 12 до 19 август)

Во древната египетска митологија, Хорус ги симболизира ѕвездата и небото и е симбол на соколот. Родените во овој знак се многу храбри и подготвени да ризикуваат. Имаат многу харизматична личност и се мотивирани од успехот и испробувањето нови работи. Не дозволуваат стравот од неуспех да ги спречи да ги остварат своите соништа. Тие се оптимисти и се трудат да ја исполнат сопствената мисија во животот. Тие се лидери кои се добри во мотивирање и инспирација на другите. Имаат многу енергија која ја вложуваат во своите амбиции и семејството. Имаат љубезна, нежна природа и се трпеливи слушатели. Лесно можат да дојдат до решенија за многу предизвици и како пријатели се идеални советници. Ја сакаат сигурноста и ќе направат сè што е потребно за секогаш да ја имаат.

Тагови
реклама

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе