Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави трите номинации за наградата Пушкаш за најдобар гол во минатата сезона, листа на која неверојатно, има и еден голман.
Голмански гол
Голмaнот на јужноафриканскиот тим Барока постигна импресивен гол со „ножички“ во финишот на натпреварот со Орландо пајратс за израмнување на резултатот. Мечот се одигра на 30 ноември.
Гол со пета
Втор на листата е Оливие Жиру за голот за Арсенал против Кристал Палас во меч од англиската Премиер лига на 1 јануари.
Гол од половина терен
Третиот гол е дело на една девојка – Дејна Кастељанос, поставен на Светското првенство за играчи под 17 години во Јордан. Кастељанос постигна гол од половина терен за да обезбеди победа за Венецуела во дуелот со Камерун откако противниците дадоа гол во финишот на натпреварот.