Кои типови на луѓе шират дезинформации и теории на заговор?

Социјалните мрежи се преполнети со теории на завера, дезинформации и шпекулации за коронавирусот. Во време на пандемија се појавија стотици погрешни вести. Кои типови на луѓе ги шират овие дезинформации и зошто, што ги мотивира?

Зад многуте лажни текстови стојат измамници кои тврдеа дека се од влади, а со цел да заработат пари во текот на пандемија, анализира BBC.

Една таква измама во март истражуваше организацијата Full Fact, наводно владата нудела помош на луѓето и ги барала нивните податоци од банка. Со оглед на тоа дека станува збор за текстуална порака која кружела на социјалните мрежи, било многу тешко да се открие кој стои зад неа. Измамниците почнале да користат лажни вести за вирусот за да заработат пари уште во февруари и тоа преку имејл линк за преглед на информации поврзани со лекување од вирусот или сугерирале дека луѓето имаат право на поврат на данок поради пандемијата.

Дезинформации доаѓаат и од политичари, не само од измамници. Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп предизвика негативни реакции по „охрабрувањето“ на научниците да проверат дали во борба против вирусот ќе помогне на луѓето директно да им се вбризгува средство за дезинфекција. Самото ова спомнување предизвика случаи со труење на многу Американци.

Но, американскиот претседател не е единствениот. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи промовираше идеја дека американската војска го донела вирусот во Вухан.

Теории на завери за избивање на болеста беа тема и на руската државна телевизија. Целата несигурност во врска со вирусот создаде совршено легло за теории на заговор.

Според друга лажна приказна, починала Елиса Гранато, првата волонтерка во Велика Британија за учество во експеримент со вакцина. Елиса е жива, а приказната е измислена.

YouTube отстрани интервју со британскиот писател Дејвид Ајк поради лажно тврдење дека 5Г мрежата е поврзана со коронавирусот.

Понекогаш изгледа дека дезинформации се шират и од „сигурни извори“ – доктор, професор или здравствен работник. Жена од Сасекс, која тврдеше дека работи во Брза помош, била главен извор на панични гласовни пораки со застрашувачки предвидувања поврзани со вирусот. Тврдела дека податоците ги добила од нејзината работа во Брза помош. Нејзините коментари беа споделувани на социјалните мрежи, но таа никогаш не достави доказ дека таа е навистина здравствен работник.

И славните личности помогнаа во ширењето на погрешни тврдења за вирусот. Актерот Вуди Харелсон е еден од оние кои ја промовираа теоријата за 5Г мрежата.

Извештајот на Институтот Reuters неодамна покажа дека славните личности имаат клучна улога во ширењето дезинформации.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе