Кој дел од денот е идеален за вежбање?

А.С.
/ 27.02.2023 / 19:22

Кој дел од денот да го одберете за најефикасен тренинг е прашање што ги заинтересира и научниците.

 

Секако, мислењата се поделени.

Лара Карлсон од Универзитетот Њу Ингланд вели дека многу истражувања одат во прилог на утринското вежбање.

„Има истражувања што покажуваат дека ‘утринскиот тип на луѓе’ имаат понизок крвен притисок во текот на денот и подобро спијат ноќе“, вели професорката Карлсон.

„Луѓето кои вежбаат наутро долгорочно гледано повеќе се придржуват до режимот на вежбање“, додава Стивен Бол, професор на Универзитетот на Мичиген.

„Многу луѓе сметаат дека треба убаво да се наспијат, за да се разбудат одморени и подготвени за вежбање. Со тоа само одолговлекуваат. Почнете да вежбате наутро иако не сте наспани. Така ќе го уморите телото и навечер ќе легнете порано на спиење“, советува Сара Селерс, инструкторка која почнува со тренинзи во 4 наутро.

Од друга страна, други истражувања покажуваат дека е подобро да се вежба попладне. Списанието Journal Of Sports Science објави текст во кој вели дека луѓето кои вежбаат меѓу 16 и 20 часот имаат поголема сила во споредба со луѓето кои вежбаат во друг период од денот.

„Поверојатно е дека ќе донесам здрав избор како пиење вода и вежбање наместо да се опуштам пред телевизор со чаша вино“, вели Џенифер Индиг, која вежба веднаш после работа, а потоа се тушира и има енергија да си поигра со нејзините деца.

Заклучокот на научниците и инструкторите е: вежбајте кога ќе имате време и согласно вашиот личен биоритам. Најважно е да не пропуштате тренинг.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Фит

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Read more

Како да излезете од магепсаниот круг на диети и дебелеење?

Read more

4 вежби без опрема што ќе ви го трансформираат целото тело за само 4 недели

Read more

На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе