Авто новости

Кој SUV автомобил е најпопуларен во светот?

13. февруари 2018 - 19:30 | М.Д.

Toyota RAV4 е најпопуларниот SUV автомобил на светот, со нешто повеќе од 800.000 продадени единици во текот на 2017 година. Тоа е раст од десет отсто во однос на минатата година.

На тој начин, Toyota RAV4 ја тргна од тронот Honda CR-V, која испорача околу 757.000 возила, додека на третата позиција се најде Volkswagen Tiguan со помалку од 720.000 возила, кој забележал „скок“ од дури 37.5 отсто.

На четвртото место се најде Hyundai Tucson со околу 620.000 продадени примероци, а на петта позиција се најде кинескиот Great Wall Haval 6 со 506.000 возила, кој доживеал пад од 12.7 отсто.

Потоа, следуваат три модели на Nissan - Qashqai (500.000), Rogue (450.000) и X-Trail (430.00), деветти е KIA Sportage (425.000), а на десеттата позиција е Mazda CX-5 (410.000).

Коментирај