Која е Марија Бутина, девојката која САД ја обвинува дека е руска шпионка?

Приказната за Марија Бутина, Русинка која живее во САД од 2016 година, е една од најбизарните епизоди во неверојатната политичка сапунска опера за вмешаноста на Кремљ во американската политика, првенствено во претседателските избори во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп.

А во таа приказна, како вистински политички трилер, се испреплетуваат шпионажа, секс, оружје, односно американското Национално здружение за оружје (НРА) и изборите. Еве што знаеме до сега.

Агентка на Руската Федерација, учествувала во заговор против САД

Оваа 30-годишна жена е уапсена на 15 јули годинава во Вашингтон и обвинета дека е агент на странска Влада, односно на Руската Федерација, која за своите активности не ја известила американската Влада и учествувала во заговор против неа.

Со други зборови, како што објавија американските медиуми, тие тврдеа дека била руска шпионка. Попрецизно, обвинета е за „развој на односи со американски лица и инфилтрирање во организации кои имаат влијание врз американската политика заради остварување на интересите на Руската Федерација”.

Американското министерство за правда утврди дека Русинката од 2015 до 2017 година работела „според упатства на висок официјален претставник на руската Влада”. Министерството објави дека тој функционер е под санкции, а американските медиуми открија дека станува збор за Александар Торшин, функционер на Руската централната банка. Шпанските иследници, инаку, го поврзуваат Торшин со руската мафија и перење пари во странски банки.

Се зближила со американски активисти за право на оружје, влегла во врска со американски политичар

Тие двајца, како што објави Vox, со години се познати меѓу американските конзервативци и активистите за право на поседување оружје во НРА. Бутина основаше руска верзија на здружението, наречено Право на носење оружје. Бутина често гостуваше на конференциите на активистите за оружје, а високи претставници на НРА гостуваа на руски конференции, на нејзината покана и нејзиниот шеф Торшин. На една конференција во своето здружение, го запозна американскиот конзервативен политичар Пол Ериксон, приврзаник на НРА, со кого почна врска.

Како што објави The Washington Post, „приватниот однос” на Бутина со неидентификуван човек кој се наведува во судските документи се совпаѓа со описот на Ериксон. Иако Бутина живеела со овој човек, врската им била „лажна”, рекоа обвинителите, и наведоа дека таа само го искористувала за своите цели.

„Бутина најмалку еднаш понудила секс во замена за позиција во група од интерес“, рекоа обвинителите.

Судските документи покажуваат дека американски политичар се обидел да и помогне на Бутина да дојде до Вашингтон и и кажувал кои луѓе треба да ги запознае. ФБИ објави дека се обидела да воспостави врска со „организација за оружје”. Висок американски официјален претставник потврди за Ен-Би-Си Њуз дека станува збор за најмоќната лоби група во САД – НРА.

На своето момче му предложила операција за влијание врз републиканците

Според обвинението, во март 2015, на почетокот на американската изборна кампања Бутина му испратила меил на Ериксон со наслов „Дипломатија”, во кој му претставила план за преку НРА да влијаат на надворешнополитичките ставови на Републиканската партија, за која точно предвидела дека ќе победи на изборите, а со цел да ги „подобри“ американо-руските односи.

Кратко потоа, се преселила во САД благодарение на студентска виза и се запишала на Универзитетот во Вашингтон, судејќи според наведеното, само за да биде активно вклучена во политиката на американската Републиканска партија. Згора на тоа, на еден предизборен митинг на Трамп го прашала тогашниот кандидат за тоа што ќе стори за односите на Русија, и тој одговори дека верува оти „многу добро ќе се согласува со Русија”.

Подоцна се дозна дека Бутина, исто така, учествувала на средби меѓу руски службеници и двајца високи функционери на Централната банка на САД (ФЕД) и американското Министерство за финансии во 2015 година.

На тие состаноци, како што објави Ројтерс, неколку луѓе блиски до тинк-тенк од Вашингтон кој ги организирал, учествувале Стенли Фишер, тогашен потпретседател на Управата на Американската Централната банка и Нејтан Шитс, тогашен потсекретар за меѓународни односи на Министерството за финансии.

Се сретнала со потпретседателот на Управата на Американската централна банка

Бутина патувала во САД во април 2015 година со Торшин, каде учествуваа на одделни состаноци со Фишер и Шитс за да разговараат за односите меѓу Русија и САД за време на владеењето на администрацијата на Обама.

Двата состаноци, за кои претходно не се знаеше во јавноста, ја откриваат длабоката поврзаност на Бутина со американските политички лидери и интересни групи. Спомнатите состаноци ги организиралд „Центарот за национален интерес“ од Вашингтон, тинк-тенк за надворешната политика, кој често застапува проруски интереси.

Состаноците се документирани во извештаите на „Центарот за национален интерес“, коиа Ројтерс имал можност да ги види, а ги откриваат активностите на Русија во периодот од 2013 до 2015 година. Тие се дефинирани како настојување за поврзување на „водечките луѓе од финансиските институции на САД и Русија“.

Нови документи: Сепак не користела секс за манипулација, туку таа била манипулирана?

Но, во новите документи за судска спогодба што Бутина ја склучи со обвинителството, според која е должна да соработува, односно да понуди вистина и да даде за истрагата корисни информации, веќе не се  тврди дека Бутина го користела сексот како средство за влијание и шпионажа, пишува „Њујорк тајмс”. Наместо тоа, Бутина е претставена како марионета на руските моќници, кои ѝ помогнале да се инфилтрира во НРА и Републиканската партија и да работи за руските интереси.

Интересно е тоа што Бутина е обвинета само неколку дена откако американското обвинителство поднесе обвинение против 12 руски функционери од воени разузнавачки служби, осомничени за вмешаност во изборите во САД во 2016 година, а само неколку часа по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Иако случајот Бутина се води одделно од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за вмешаност на Русија во изборите и можен дослух со кампањата на Трамп, оваа наводна шпионка може на обвинителите да им открие многу интересни информации за руските активности и контакти со Американците, вклучувајќи ги и соработниците на Трамп.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе