„Коктелот антитела“ на Eli Lilly ефикасен против COVID-19 до 87%

Американската фармацевтска компанија Eli Lilly and Company вчера повторно објави позитивни резултати од третманот за COVID-19. Се работи за мешавина од две синтетички антитела којашто го намалува бројот згрижувања во болница, како и смртните случаи за 87 отсто, според истражувањата на компанијата.

Кон крајот на јануари, компанијата објави дека комбинацијата на двете антитела бамланивимаб и етесевимаб, ја намалува опасноста од хоспитализација и смрт за 70 насто. Дозите беа 2,8 грама за секое антитело. Овојпат дозата на бамланивимаб е 700 милиграми, а на етесевимаб 1,4 грама.

Клиничкото испитување опфатило 769 лица на над 12-годишна возраст, кај кои имало позитивен тест за COVID-19 и кои имале фактори на ризик што ги прават повеќе склони кон болеста. До 511 од нив добиле лек, а 258 добиле плацебо-лек.

Меѓу оние третирани со комбинација на антитела, четворица биле згрижени во болница и никој не починал. Во плацебо групата, 11 биле згрижени, а четворица починале од коронавирусот.

Лекот беше итно одобрен во САД на почетокот на февруари (во доза од 700 мг бамланивимаб и 1,4 гр етесевимаб), за лица изложени на ризик, или поради возраста или други болести. Овие синтетички антитела коишто се примаат интравенски, се лабораториска верзија на одбранбените клетки на организмот.

Имунолошкиот систем произведува антитела во телото кога ќе се сретне со вирусот, со цел да се ослободи од него. Па така, зголемувањето на нивниот број кај поризични лица им помага на нивниот имунолошки систем побрзо да го победи вирусот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе