Колкави се шансите Гризман да премине во Манчестер јунајтед?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман ги размрда шпекулациите дека во летниот преоден рок можно е да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Најдобриот играч и стрелец од последното Европско првенство, стрелец на 17 голови во штотуку завршената сезона во Ла Лига, во емисија на француска телевизија рекол дека на скала од еден до десет, шансите да се пресели во Манчестер Јунајтед се шест.

Планот на челниците на Јунајтед е да ги спојат во тимот добрите пријатели и репрезентативни колеги Пол Погба и Антоан Гризман.

„Мислам дека многу повеќе околу мојата иднина ќе се знае за две до три недели. Манчестер Јунајтед? Можно е, шансите се шест од десет“, рекол Гризман.

Јунајтед сезоната во Премиер лигата ја заврши на шестото место, резултат кој не ги задоволува клупските амбиции, а сезоната може да се претвори во катастрофа доколку „црвените ѓаволи“ утревечер не ја освојат Лига Европа бидејќи уште една сезона ќе останат без настап во Лигата на шампионите.

Инаку, интерес за Гризман покажува и Ливерпул, чиј адут е изборениот пласман во квалификациите во Лигата на шампионите.

Проблем за Јунајтед и Ливерпул околу трансферот на Гризман може да претставува неговата откупна клаузула, која изнесува 100 милиони евра.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе