Колкави ви се шансите да спасите хакиран Facebook профил?

Без разлика колку Facebook ги подобрува безбедносните мерки, хакерите секогаш ќе бидат закана за корисниците на платформата.

Сепак, начинот на кој компанијата им помага на корисниците кои станаа жртви на хакери треба значително да се подобри. Според текст објавен во Washington Post, на некои корисници на Facebook им биле потребни години за да ги вратат своите профили, а некои се откажале во текот на процесот.

И покрај тоа што е најголемата социјална мрежа во светот, Facebook никогаш немал вистинска поддршка за корисници, што им отежнувало на хакираните корисници да стапат во контакт со вработените во компанијата. И според податоците од непрофитната организација Identity Threat Resource Center, бројот на извештаи за хакирани профили на социјалните мрежи се зголемил за 159% од 2021 до 2022 година. Facebook со организацијата што ја има не успева да им помогне на жртвите на хакирање во исто време кога се зголемува бројот на хакирани сметки. Како одговор на овие тврдења, компанијата даде благ одговор на Post, велејќи дека „постигнува напредок“ во овие области.

„Во текот на изминатата година, постигнавме значителен напредок во подигнувањето на свеста за вообичаените закани низ интернетот кои можат да доведат до компромис на сметката и подобрување на нашите процеси за обновување на сметката за да ги поддржиме луѓето кои биле блокирани и да им помогнеме да го вратат пристапот до нивниот профил“, изјави портпаролката на Meta Габи Кертис за Post.

Сепак, жртвите на хакерство интервјуирани од Washington Post велат дека не можат да стапат во контакт со поддршката за корисници на Meta по телефон, а е-поштата честопати не е од помош. Некои луѓе оставаат чувствителни лични податоци, како слики од возачки дозволи, за да не добијат ништо за возврат.

Без разлика што вели компанијата, се чини дека никогаш не им дала приоритет на услугите што е должна да им ги дава на корисниците. И со отпуштања, овој проблем може да стане уште полош. Затоа, пред сè, треба да му верувате на вашиот здрав разум за да ги избегнете стапиците на хакерите и да користите единствена сложена лозинка за вашиот профил на Facebook што не сте ја користеле на други сајтови. И последно, но не и најмалку важно, овозможете двофакторна автентикација за подобро да го заштитите вашиота профил на Facebook.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе