Колку е брз интернетот во Македонија во споредба со остатокот од Балканот?

Сурфањето на интернет на Исланд има просечна брзина од 216,56 Mb/s, па врз основа на повеќе од 200 милиони тестови за поврзување спроведени низ целиот свет, Исланд е крунисан како европски, додека светски шампион за широкопојасен интернет пристап во 2022 година е Макао со 262,76 Mb/s.

Ова го покажува годишното истражување на порталот cable.co.uk спроведено во периодот од 1 јули 2021 до 30 јули 2022 година, додека обработката на податоците траела до 6 септември, кога е овозможен јавен увид во мерењата и резултатите. 

По Исланд следат Луксембург, Лихтенштајн, Андора и Франција, а овие земји ја заокружуваат најдобрата или можеби е подобро да се каже најбрзата петка, со просечна брзина на преземање помеѓу 120 и 220 мегабити во секунда. Авганистан и Гвинеја Бисао ја заокружуваат светската листа со брзина помала од 1 Mb/s, како и Јемен и Туркменистан каде брзината е под 0,8 Mb/s.

Големината на земјата секако влијае на брзината на интернетот. На пример, земјите како Луксембург или Лихтенштајн имаат одредена предност, бидејќи тие треба да обезбедат исто ниво на интернет услуга на помала област во споредба со поголемите земји како Германија или Италија, што во нивниот случај е технички покомплексна и секако поскапа инвестиција.

Франција имаше добри резултати во 2021 и 2022 година, дури и ако истражувањето не ги земе предвид регионалните разлики. Ако ги исклучиме земјите со помалку од милион жители, француската фиксна интернет мрежа е трета во светот, зад Тајван и Јапонија.

Регионот на опашката на Европа

На крајот на листата се Босна и Херцеговина и Албанија како земји со најбавна брзина на интернет - просечната брзина на преземање може да падне под 20 Mb/s во секунда. 

Просечната брзина на преземање во Македонија е 21,59 Mb/s.

Во Босна и Херцеговина брзините се 8,16 Mb/s во просек, што е на ниво од 2017 година кога станува збор за глобалното мерење на компанијата cable.co.uk.

Хрватска и Словенија се меѓу земјите со просечна брзина на преземање од 20 до 49 Mb/s, додека Србија зазема подобро место со брзини од 50 до 99 мегабити во секунда, покажува мапата.

Во Хрватска брзините се 20,74 Mb/s, а во Словенија 38,15 Mb/s. Србија има просечна брзина на преземање од 51,84 Mb/s, што е за 250 отсто побрзо отколку за хрватските граѓани.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе