Колку калории троши мозокот додека размислуваме?

Колку е мозокот одговорен за масовно трошење на енергија и дали тоа значи дека размислувањето е едноставен пат до губење килограми?

Кога телото е во фаза на мирување, не е вклучено во никакви активности освен основните, како дишење, варење и одржување топлина, а мозокот троши неверојатни 20 до 25 проценти од вкупната енергија, во облик на глукоза. Тоа во просек се 350 до 400 калории дневно.

Во текот на детството, мозокот е уште поактивен.

„Мозокот на просечен петгодишник може да искористи повеќе од 60 проценти од телесната енергија“, вели професорот Даг Бојер од Универзитетот Дјук.

Мозокот претставува најскап енергетски орган во телото, а чини само 2 проценти од вкупната телесна тежина. Поголем дел од енергијата што овој орган ја користи е наменета за меѓусебна комуникација меѓу невроните, по пат на хемиски сигнали кои се пренесуваат преку синапсите.

„Мозокот никогаш не одмара, кога спиеме сè уште му е потребно гориво за да дели сигнали меѓу клетките за да ја одржи функцијата на телото“, објаснува Аријана Харингтон од Универзитетот Дјук.

Со оглед на тоа дека мозокот е голем потрошувач на енергија, дали тоа значи дека што повеќе го користиме овој орган, согоруваме повеќе калории?

„Технички, одговорот е да за когнитивно тешките задачи. Тоа што се смета за тешка ментална задача варира кај секој поединец. Но, генерално, тоа би можело да се опише како нешто што мозокот не може лесно да го реши користејќи претходно научени рутини или задачи кои постојано ги менуваат условите“, изјави Клод Месје, професор по психологија од Универзитетот Отава во Канада.

Таквите активности можат да бидат учењето да свирите некој инструмент или повлекување иновативни потези во текот на играње шах.

„Кога вежбате за да научите нешто ново вашиот мозок се прилагодува на зголемување на преносот на енергија во сите оние региони кои се активираат со вежбање. Со текот на времето, како што стануваме повешти во извршувањето на одредени задачи мозокот не мора толку напорно да работи, па извршувањето на таа задача на крајот бара помалку енергија“, вели Месје.

реклама

Живот

Роналдо сподели анегдота за Марадона и неговите два рачни часовника

Read more

Хороскопски знаци кои важат за најлоши пријатели

Read more

Ако на вашето куче му ги правите овие работи, престанете веднаш

Read more

Шер успеа да го спаси најосамениот слон во светот

Read more

Магазин

Најдобриот рецепт за топло чоколадо со рум и цимет

Читај повеќе

Паразитски самци: Дури и младите во Јапонија се незаинтересирани за секс

Читај повеќе

Пријави недозволено паркиран автомобил и заработи пари, предлог на Градот Њујорк

Читај повеќе

Како ќе препознаете дека си имате работа со одличен љубовник?

Читај повеќе
  • filter

Храна која го чува вашиот имунитет во зима

Читај повеќе

Роналдо сподели анегдота за Марадона и неговите два рачни часовника

Читај повеќе
  • play_arrow

Како омилените „Пријатели“ би ја опишале оваа ужасна 2020?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уметниците низ светот создаваат дела инспирирани од Марадона

Читај повеќе

Лесно и вкусно: Похувани палачинки со шунка и кашкавал

Читај повеќе