Гумите со низок притисок се прегреваат.
Производителите на автомобили јасно дефинираа колку гумите треба да бидат напумпани на одредени модели. Големите отстапувања не се добри.
Само кај некои модели производителите наведуваат колку притисокот мора да се зголеми при возење со полн автомобил, со сите зафатени седишта и багаж.
Потсетуваме, гумите со недоволен притисок се прегреваат, па нивниот животен век може да се намали и до 20%. На пример, наместо да траат околу 40.000 километри, ќе мора да ги замените веќе на 32.000 километри.
Исто така, ризикот од пукање на гумите се зголемува при возење, што е многу опасно при поголема брзина.
Од друга страна, со пренапумпани гуми, страничните ѕидови и шарата стануваат поцврсти од вообичаеното, а контактната површина на гумата со патот е намалена, што доведува до побрзо абење. Оваа промена може да го намали и држењето и перформансите на гумата.