Колку сексуални партнери пред вас се „премногу“?

Испитаници кои не се во романтична врска одговараа на неодамнешна анкета за студија во врска со влијанието на сексуалното минато на потенцијалниот партнер врз изборот.

Прашањето беше која е „идеалната“ бројка на поранешни сексуални партнери што ќе придонесе личноста уште повеќе да им биде привлечна.

Повеќето испитаници рекле дека бараат партнер кој бил сексуално искусен, но сепак не премногу. Интересно е што мажите и жените се согласуваат во тоа - никој од нив не сака да започне врска со партнери кои немаат сексуално искуство, но исто така не сакаат ни „сексуално промискуитетни“ луѓе.

Колку е поголем бројот на минати сексуални партнери, толку лицето е помалку привлечно.

Истражувачите испитале 188 лица, од кои 104 биле жени. Кога барале само авантура, на жените не им биле интересни мажи кои имале повеќе од шест сексуални партнери, додека мажите губеле интерес кога таа бројка надминувала 11.

Двата пола сметаат дека идеалниот број на претходни сексуални партнери е 3.

Сепак, ова е различно кога станува збор за потенцијално долгорочна врска. Во тој случај, повеќето од испитаниците одговориле дека идеален партнер за нив би бил оној со двајца сексуални партнери пред нив.

Причината е едноставна - луѓето се плашат дека колку е поголем бројот на претходни сексуални партнери, толку е поголема веројатноста дека ќе бидат изневерени.

„Наспроти вкоренетото верување дека промискуитетот кај мажите се толерира, а кај жените не, и мажите и жените изразија еднакво колебање да се впуштат во врска со некој што има богато сексуално минато“, пишуваат авторите на студијата во извештајот.

Единствената разлика е во тоа што мажите се повеќе подготвени да се впуштат во врска со жени кои се девици или со жени со помало сексуално искуство. Исто така, треба да се земе предвид дека сите испитаници биле на триесетина години, па затоа е многу можно ставовите да се разликуваат во другите возрасни групи.

Дополнителна анкета покажа дека мажите вклучени во студијата имале просечно 8,4 партнери, а жените околу 5,8 партнери.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе