Командир барал 3.000 евра поткуп за војник да биде избран за офицер

Службеник во касарната Тетово преку војничка барал поткуп од кандидат на конкурсот за офицери. Тој требало да му даде 3 илјади евра за да биде избран како офицер. При предавањето на парите ги фатила полиција, па наместо пари командирот заработи кривична пријава и му се заканува затвор до 10 години.

„Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска (24.06.2023) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Џ. (46) од Тетово, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл. 357 од Кривичниот законик. Имено, вработена како професионален војник во Министерство за одбрана, против која на 19.05.2023 веќе е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, по претходен договор за извршување на делото со пријавениот А.Џ., службено лице вработено во Министерство за одбрана - касарна Тетово, од друг вработен во Министерство за одбрана побарала парична награда во износ од 3.000 евра, кои требала да му ги предаде на А.Џ.. Паричната награда требало да му помогне на оштетениот да биде избран на конкурс за офицери објавен од страна на Министерството за одбрана, а А.Џ. да изврши службено дејствие што не смее да го изврши. Со вака преземените дејствија пријавниот А.Џ. сторил кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл. 357 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Членот 357 од КЗ вели: Службено лице кое директно или индиректно ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или друга корист за себе или за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши, ќе се казни со затвор од 4 до 10 години.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе

ДИК ги усвои приговорите за 7 избирачки места

Читај повеќе

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Читај повеќе