Кометата Нишимура месецов ќе го осветли небото, нема да се врати уште 400 години

Светла нова комета ќе го осветли небото на северната хемисфера на 12 септември, а потоа и околу 17 септември пред да исчезне на сончевата светлина.

Доколку кометата ја преживее блиската средба со Сонцето, се очекува да биде видлива за време на самракот до крајот на септември.

Аматерскиот астроном Хидео Нишимура од јапонскиот град Кагава ја откри оваа комета. Тој ги снимал експозициите користејќи стандарден DSLR фотоапарат од Canon и телефото леќа, а по обработката на експозициите станало очигледно дека има светлен објект кој забрзува низ внатрешноста на нашиот Сончев Систем.

URL

Minor Planet Center официјално го потврди откритието и ја именуваше кометата C/2023 P1 (Nishimura), со буквата „C“ што означува непериодична комета. Ова значи дека овие типови на комети потекнуваат од Ортовиот облак и можат или да поминат низ Сончевиот Систем само еднаш или да имаат орбитални периоди кои се движат од 200 до неколку илјади години пред да се вратат во близина на Сонцето.

Според COBS (Comet Observation Database), Нишимура е категоризирана како „хиперболична комета“, што укажува на тоа дека има изобилство на енергија што ја спречува трајно да биде „фатена“ во Сончевиот Систем.

„Ќе нѐ посети само еднаш, а Сонцето ќе дејствува како гравитациска прашка и ќе ја испрати назад во длабоката вселена откако ќе прелета покрај нас“, се вели во извештајот.

За да го напушти Сончевиот Систем, кометата мора прво да го преживее најблиското приближување до Сонцето. Кометите кои се приближуваат кон Сонцето за прв пат имаат поголем ризик да се распаднат, а судбината на Нишимура е крајно неизвесна.

Кога интензивната сончева светлина прв пат ќе ја допре површината на кометата, станува возможен широк опсег на исходи. Поради топлината и притисокот произведени од Сонцето и сончевиот ветер, кометата во некои случаи може да се стопи и да се распадне.

Еден таков пример е кометата ISON, која се распадна само неколку недели пред очекувањата да создаде извонредна глетка на небото.

Светлината на кометата може драматично да се зголеми во некои случаи кога се приближува до Сонцето, а топлината го претвора нејзиното ледено јадро во прашина и гас создавајќи долга опашка. Сончевата светлина се одбива од таа опашка и ни овозможува да ги видиме кометите од Земјата.

Тоа е зеленикава нијанса која е ограничена на главата на кометата, а не на опашката. Тоа е затоа што бојата во „главата“ доаѓа од диатомски јаглерод, реактивна молекула која се формира кога сончевата светлина е во интеракција со органската материја на површината на кометата.

Нишимура ќе биде најблиску до Сонцето во својата орбита на 18 септември, а ако може да го издржи зрачењето без да се распадне, ќе направи круг и ќе се врати назад.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе