Компанијата Nikola Motor примила нарачки за електрични камиони и депозит од 10,5 милиони долари за возила што никој ги нема видено, пишува Jalopnik. Прототипот на камионите ќе биде претставен на 2 декември.
Основачот Тревор Милтон тврди дека во наредните 12 до 24 месеци бројот на нарачки ќе биде надминат на пазарот. Компанијата го привлече вниманието на јавноста кога го најави електричниот камион Nikola One, кој користи комбинација на погон на плин и електрична енергија, а ќе чини меѓу 300.000 и 400.000 долари. Sтанува збор за еколошки прифатлив камион, електричниот мотор се напојува со батерија од 320 kWh.
Сега од компанијата велат дека повеќе од 7.000 луѓе поднеле депозит за камионите наречени Nikola One.