Комплименти кои децата треба секојдневно да ги слушаат од родителите

Дознајте зошто треба да го пофалите однесувањето на децата, а не нивниот изглед и како тоа може да им помогне во текот на училишниот ден.

„Ако сте мајка како мене, тогаш сакате да им давате комплименти на децата. Фразите од типот леле, колку си сладок и какво згодно момче си ти ги изговараме многу спонтано. Да бидеме искрени, кој не сака да слушне дека има најубави очи во светот? Комплиментите фокусирани на изгледот можат да бидат забавни и симпатични на прв поглед, но важно е родителите да пронајдат и други начини за да им упатат комплименти на децата, особено кога станува збор за квалитетен почеток на училишната година“, советува Емили Клајн за сајтот BabyChick.

Комплиментите основани на детското однесување можат да ги поттикнат децата да се поправат и размислуваат за тоа како самите се одговорни за нивното однесување.

Истражувањата покажуваат  дека комплиментите можат да бидат корисни на децата за мотивација, соработка, упорност и одговорно однесување.

Како воспитувач, потенцира авторката, знам дека учениците напредуваат кога добиваат пофалби новани на нивното однесување.

Кои идеи за комплименти ги одделува таа?

Комплименти за работна етика:

1. Многу си вреден.

2. Ми се допаѓа колку се трудиш кога учиш нешто ново.

3. Секогаш прави се најдобро што можеш.

4. Знаеш како да се фокусираш и добро да ја завршиш задачата.

5. Кога бараш помош, покажуваш дека сакаш повеќе да научиш.

6. Одлично ги решаваш проблемите.

7. Сакам да видам колку си одлучен да ги исправиш твоите грешки.

8. Никогаш не се откажувај, дури и кога работите ќе станат тешки.

9. Секогаш прави го твојот дел од задачата кога работиш во група.

10. Многу е интересно кога те гледам како самоуверено се соочуваш со предизвикот.

Комплименти за однесување со други луѓе:

1. Ти си добар и љубезен другар.

2. Многу сакам кога им зборуваш убави работи на другите.

3. Знаеш што да кажеш кога некој околу тебе е тажен.

4. Сакам кога им помагаш на другите со насмевка.

5. Ми се допаѓа како ги инспирираш другите да ја направат вистинската работа.

6. Многу ми се допаѓа кога ги усреќуваш другите со твојата насмевка.

7. Знаеш како нежно да ги водиш другите.

8. Твоето одделение е многу среќно што има другарче како тебе.

9. Благословена сум што имам толку умно дете.

10. Ми се допаѓа што секогаш ги делиш твоите играчки/работи со другите.

Постојат два различни начини да пристапите со одбран комплимент. Можете да го охрабрите однесувањето на детето или може да го охрабрите однесувањето во кое би сакале вашето дете да се поправи.

Од мала победа може да направите голема работа и со охрабрување да му помогнете таквото однесување детето да го развива.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе