Констатирани оставките на Груевски и Богоевски

Скопје, 11 јуни 2019 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија.

Груевски е осуден на казна затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес.

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.

За Богоевски, кој е претседател на оваа собраниска Комисија, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и оти е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски ќе бидат новите пратеници во Собранието по констатирањето на оставките на Никола Груевски и Павле Богоевски на денешната седница.

Извештајот за констатираните оставки  на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници.

Продолжението на собраниската седница е закажано за 15 часот.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе