Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

Конте ги седна играчите пред ТВ да видат како играле последните 20 минути

21. октомври 2019 - 16:58 | Ф.З.

Тренерот на Интер беше бесен што синоќа неговите играчи му дозволија на Сасулово во финишот да се врати во игра и од обезбедена победа да стравува за трите бода.

Антонио Конте денеска ги собра сите играчи на Интер, без разлика на тоа кој играше синоќа, а кој не и ги натера да ги гледаат последните 20 минути од натпреварот помеѓу Сасуоло и Интер.

„Нераѕурите“ синоќа победија со 3:4, но имаа водство од 1:4 сѐ до 74-тата минута. Потоа со два брзи гола му дозволија на противникот да се врати во игра, а Интер да стравува за претходно сигурната победа. При вториот гол на домаќините гостинската одбрана не успеа да затвори, а буквално заспа при третиот кога Жереми Бога се прошета крај петторица интеристи пред да го совлада Ханданович.

Пред тренингот утринава, Конте ги седнал играчите пред телевизор и ги терал прво самите да анализираат што погрешиле во тие дваесетина минути кои италијанската јавност ги нарекува „Интеровиот black-out“. Тренерот сакал да ги натера да сфатат дека мора да држат исто ниво на претпазливост преку целиот натпревар.

Интер во среда го очекува и тоа како важен натпревар против Борусија во Лигата на шампиони, па Конте не смее да си дозволи слично сценарио.

Коментирај