Конте: На Северна Македонија мора да ѝ се дозволи да оди понатаму во Европа

Скопје, 29 октомври 2019 (МИА) – Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија, ја поддржуваме земјата, поддржуваме одлука за почеток на преговори, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев во Рим.

– Сакам на вашиот народ да му кажам дека нема да дозволиме да се почувствува несигурен. Се работи за историска грешка која мора да ја исправиме, рече Конте.

Тој истакна дека Северна Македонија предводена од премиерот Заев е пример за сите балкански земји, како држава која со храброст ги решава отворените прашања, а притоа има голема поддршка од Италија.

– Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, рече Конте.

Како што соопшти владината прес-служба на средбата на Заев со Конте се дискутирало за пријателските односи и соработката помеѓу двете земји, како и за реафирмација на европската перспектива и Европа како заеднички дом на двете земји.

Премиерот Зоран Заев, претходно, преку објава на својот профил на Facebook му се заблагодари на неговиот италијански колега Џузепе Конте за поканата да ја посети Италија.

– Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi. Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом, објави Заев.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе