КОРОНА прегореност: Не работиме од дома, туку живееме на работа

Повеќе од две третини од вработените во технолошките компании во Силициумската долона се чувствуваат повеќе „прегорени“ од работа, во споредба со периодот кога работеле од канцеларија, пишува Bussiness Insider.

Во онлајн анкетата што српскиот портал B92.net ја спроведе во јули, повеќе од половина од луѓето се изјасниле дека повеќе сакаат да работат од дома. Како што тогаш оценија испитаниците, работењето од дома носи придобивки и за работодавците, и за вработените. Предностите за вработените првенствено се рефлектираат во полесното балансирање на деловниот и семејниот живот, додека придобивка за работодавците е намалувањето на трошоците, пред сѐ за превоз и трошоците за деловен простор.

Анкета беше спроведена и на апликацијата Blindchat, при што биле испитани 3.023 вработени во компании како што се Amazon, Microsoft, Google и Facebook. Дури 68 проценти од нив изјавиле дека се преморени од работа од почетокот на пандемијата.

Се чини дека најлоша е ситуацијата во Facebook и Google, каде 81, односно 79 проценти од работниците изјавиле дека работат многу повеќе отколку лани, пренесува StartIt.

Не само што процентот на вработени кои се чувствуваат вака е многу висок, туку е забележан е и раст на нивниот број. Blindchat спроведе слично истражување во февруари, ога од 3.921 испитаник, 61 процент одговориле дека се „прегорени“ од работа. Причините што најчесто се наведуваат се премногу работа, недоволно награди и стимуланси, како и недостаток на контрола над нивната работа.

Истражувањето спроведено од StartIt во август даде значително различни резултати. Во тоа време, само секоја деветта личност вработена во IT компании, маркетинг агенции и мали и средни претпријатија изјавиле дека не сакаат да продолжат да работат од дома по пандемијата.

Во Силициумската долина, една од најголемите предности е намалување на времето поминато во пат од дома до работа и назад, (при што голем дел на тоа трошат до три часа во денот). Сепак, тоа било заменето со стравот од коронавирус, губењето на работата, како и финансиската несигурност.

„Работата од дома создава стрес што многумина не можеа да го предвидат. На луѓето им е тешко да се исклучат од ‘канцеларија’ по завршувањето на работното време и не се во состојба да си обезбедат период во кој нема да мислат на работата“, вели психологот на IT компанијата Control Risks за Bussiness Insider.

Во друго истражување на Blindchat, за испитување на балансот меѓу деловниот и приватниот живот, повеќе од половина од 5.500 испитаници изјавиле дека оваа рамнотежа им е нарушена од почетокот на пандемијата.

„Порано постоеше разлика помеѓу работата и животот дома, но сега тоа го нема. Ние не работиме од дома, туку живееме на работа“, изјави вработен во Google.

реклама

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе