Тренерот на Њу Орлеанс Сеинтс е првиот позитивен на Covid-19 во светот на НФЛ.
Шон Пејтон во изјава за ESPN дадена синоќа изјави дека симптомите му се појавиле во неделата, еден ден откако присуствувал на Ребел Стејкс трката со коњи во Хот Спрингс. Отишол да се тестира во понеделникот, а резултатите ги добил синоќа.
„Се чувствувам подобро и среќен сум што немам респираторни проблеми“, напиша Пејтон на својот Twitter профил.
Поранешен квотербек, Пејтон сега има 56 години и седи на клупата на „Светците“ од 2006 година. Во 2009 на Њу Орлеанс му ја донесе едиствената Супербол титула. Истата сезона стана и конференциски шампион, а во дивизијата Југ има триумфирано шест пати.
Новата 2020 сезона во НФЛ треба да почне на 23 април, а од средата тимовите започнаа со меѓусебно трампање на играчи и потпишување со оние играчи чии договори се истечени.