Кошаркарка даде интервју со бебето во раце и го одушеви светот

Понекогаш нема доволно зборови да се опише мајчинската љубов, а тоа го докажа и Јелена Брукс, капитенката на женската кошаркарска репрезентација на Србија.

Оваа 30-годишна спортистка пред само три месеци го роди синот Матео, а сега го предводи тимот на Европското првенство во кошарка за жени.

Особено внимание привлече кога по победата над Белгија и пласманот во четвртинафиналето на ова натпреварување, застана пред камерите и даваше интервју со синот во раце.

Присутните новинари и обожавателите беа одушевени, а позитивните реакции продолжуваат да одекнуваат од целиот свет. Видеото со нејзиното интервју стана вирален хит на интернет.

Дури и резултатот на натпреварот падна во втор план кога Брукс почна да одговара на прашањата со бебето во раце.

Како што таа истакна и во претходните интервјуа, Кошаркарскиот сојуз на Србија максимално ѝ излегол во пресрет и ѝ овозможил да биде со бебето за време на подготовките.

„Кога станува збор за репрезентацијата, за мене не постои дилема. Знаев дека летово ќе играм на Европското првенство. Бебето е многу мало и не постоеше опција да се одвојам од него, а луѓето од Сојузот ни овозможија да бидеме заедно за време на подготовките“, изјави Брукс и докажа дека ако се сака и има поддршка, може да се балансираат мајчинските и работните обврски.

Обожавателите побрзаа да го изразат својот восхит кон посветеноста на капитенката кон репрезентацијата, па српските медиуми веќе ја прогласија Брукс за „хероина на ова првенство“ која докажала дека репрезентацијата е вредна за секаква пожртвуваност.

Брукс вложи вонредни напори да се врати во форма по породувањето и да ѝ помогне на Срвија да направи ново чудо, пишува Kurir.

Капитенката нагласи дека ѝ е многу полесно да ги одработува тренинзите кога знае дека синот е покрај неа, па затоа прво со него ја прослави победата.

„По тежок тренинг или натпревар секогаш имам сила кога ќе се вратам и ќе го видам насмеан. Мајчинската љубов е нешто што не може да се опише“, изјави Брукс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

MOMMY'S BOY

A post shared by Jelena Brooks (@jelenabrooks) on

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе