Косовска војска: НАТО жали, ЕУ не поддржува

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.

Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува трансформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто.

Поради оваа одлука НАТО ќе го „преразгледа“ степенот на „ангажман“ со косовските безбедносни служби.

– Двете страни мораат да се осигураат дека денешната одлука нема дополнително да ги зголеми тензиите во регионот. Сите одговорни политички актери во регионот треба да се фокусираат на реформски прогрес и на дијалог, стои во соопштението.

НАТО уште еднаш ги повика Белград и Приштина да останат „смирени“ и да избегнуваат изјави и акти кои „водат до ескалација“.

Европската унија, како и НАТО, не ја поддржува одлуката на Собранието на Косово за формирање на косовска Војска, соопшти денеска Службата за надворешна политика на ЕУ.

– Собранието на Косово денеска донесе одлука за Безбедносните сили на Косово. Како и НАТО, и ЕУ продолжува да смета дека мандатот на Безбедносните сили на Косово може да се промени само со поетапен и сеопфатен процес во согласност со Уставот на Косово, се наведува во соопштението на Службата за надворешна политика на ЕУ.

Во текстот не се посочува што се подразбира под термините „поетапен и сеопфатен процес“ во формирањето на Вооружените сили на Косово.

ЕУ очекува Косово да продолжи да ги исполнува своите обврски од Бриселскиот договор со Белград, вклучително и сите обврски од сферата на безбедноста, се нагласува во соопштението.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе