Ковачевски официјално ја достави кандидатурата за претседател на СДСМ

Актуелниот заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска официјално ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ.

– Согласно роковите денеска ја поднесов мојата кандидатура за претседател на партијата, заедно со мојата визија и програма – Заедно, одговорно и посветено. Програмата се базира на три столба – социјалдемократска визија и вредности на работењето, економски раст и зголемување на животниот стандард и фер шанса и јасен систем со кој најдорбите ја добиваат одговорноста и шансата, изјави Ковачевски, пред седиштето на СДСМ.

Според Ковачевски, СДСМ поминува низ еден предизвик, во кој мора да се менува и каде секој член на партијата е значен и секој еден член на партијата ќе го каже својот глас.

– Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општетсво, притоа имајќи го предвид јасниот пат на нашето општество во европските интеграции, изјави Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со Алтернатива за влез во Владата, Ковачевски, изрази надеж дека Алтернатива ќе донесе позитивна одлука, која на крајот зависи од нивните партиски органи, и стане дел од владиното мнозинство, бидејќи, како што рече, тоа ќе обезбеди стабилна влада која ќе може да ги решава големите проблеми пред државата, како што е глобалнат пандемија, европската енергетска криза и предизвици за задржување на животниот стандард на граѓаните.

По констатирањето на оставката на Заев, кој беше на чело на партијата од 2013 година, минатиот петок на 26 ноември Централниот одбор на СДСМ ги распиша вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември.

Постапката за кандидирање за вонредните внатрепартиски избори на СДСМ трае до 3 декември, а досега кандидатура поднесе и поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.

Кандидат за претседател на СДСМ, како што информираа од партијата по започнувањето на постапката, може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Во меѓувреме, исто така, тече и процесот на активна регистрација на членството.

Право на глас на внатрепартиските избори, како што информираа од партијата по започнувањето на постапката, има секој член кој активно ќе се регистрира, преку онлајн платформата на веб страната на СДСМ или преку општинските организации на СДСМ. 

Тагови
реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе