Крај Токио се исправи огромниот робот RX-78-2 Gundam
Робот во својата нормална големина е изложен пред фабриката Гундам близу Токио.
Се работи за 24-тонска верзија на роботот RX-78-2 Gundam кој ги воодушевува Јапонците уште од неговото прво појавување во 1979 година во анимираната серија „Mobile Suit Gundam“.
Ова е трета верзија на роботот во вистинска големина, но најпрецизна и најдобра до сега, велат фановите.
Роботот се изработува од 2014 година. Висок е 18 метри и изработен е од челик и специјална пластика.