Кралицата Елизабета II е позитивна на COVID-19, соопшти Бакингемската палата.
Британската кралица има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, соопшти палатата.
„Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“, се додава во соопштението.
Кралицата, која има 95 години, била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот.
BBC јави дека голем број луѓе биле позитивни на COVID-19 во замокот Виндзор, каде што живее кралицата.