Живот

Кралицата Елизабета со музички концерт го прослави 92 роденден

22. април 2018 - 10:43 | М.Д.

Британската кралица Елизабета Втора го прослави 92 роденден во салата Rolay Albert Hall во Лондон, каде е организиран концерт во нејзина чест.

На роденденската прослава пееја Том Џонс, Кајли Миног, Стинг, Шеги, Шон Мендеш, Крег Дејвид и многу други.

Кралицата уживаше со сите членови на кралското семејство, односно со семејствата на принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и неговата вереница Меган Маркл.

Нејзиниот сопруг Филип не беше присутен бидејќи заздравува од извршена операција. Не присуствуваше ниту Кејт, бидејќи во текот на овие денови се очекува да се породи.

Сите приходи од концертот ќе им бидат доделени на организацијата „The Queen’s Commonwealth Trust“, нова хуманитарна организација која охрабрува млади луѓе да постигнат подобри резултати во спорт, образование и здравје.

Ова е само почеток на прославата на роденденот на кралицата Елизабета, а во јуни се одржуваат бројни активности – од паради, фестивали до концерти и така натаму.

Коментирај