1.МФЛ 2019/20

Кратовски врачеви: Во ист напад Шкендија промаши 4 пати

Интересна случка имаше во завршницата од неделниот натпревар во Кратово каде домаќините успеаја да извадат 0:0 со актуелниот македонски шампион.

Шкендија гостуваше во Кратово кај третопласираниот Силекс во рамките на 20. коло од македонската Прва лига, но не успеа да дојде до планираните 3 бода.

Гостите од Тетово напаѓаа, шутираа, но и покрај тоа, домашниот голман само неколку пати интервенираше бидејќи сите нивни удари буквално бегаа од голот.

Блокади, стативи, пречки, промашувања, но в гол - никако. Како магија да беше фрлена на голот на Силекс.

Што се случуваше во Кратово убаво го опишува 85. минута кога за кратко време Шкендија упати четири удари кон голот на Даниел Божиновски. Прво шутна капитенот Арменд Алими чиј удар го блокираше дефанзивецот Христијан Грозданоски; одбиената топка му се намести на Марјан Радески кој распали, но ја погоди стативата; топката се врати повторно кај него и овој пат нафрли во шестнаесетникот каде повторно се обиде Алими, овој пат со глава, но ја погоди пречката; од пречката топката дојде до Валмир Нафиу, убаво си ја смири на гради и со волеј не ја зафати убаво праќајќи ја крај стативата.

Целосен хајлајтс со сите утки од овој натпревар:

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе