Кремљ: Изјавите на Бајден за Путин се лични навреди

За време на денешниот брифинг со новинарите, од Кремљ велат дека секојдневните забелешки на американскиот претседател Џо Бајден за Владимир Путин се лични навреди - додавајќи дека изјавите на Бајден биле поттикнати од „раздразливост, замор и заборавеност“.

Бајден го нарече Путин „воен злосторник“.

Кремљ исто така ја нарече „луда“ одлуката на Велика Британија да ја одземе лиценцата на Russia Today во земјата.

Претходно денеска беше соопштено дека руската државна телевизија Russia Today нема повеќе да може да емитува програма во Велика Британија откако регулаторното тело Офком по итна постапка и ја одзеде лиценцата.

Во објаснувањето од регулаторното тело се наведува дека руската телевизиска станица не е „погодна и соодветна“ да емитува програма во Обединетото Кралство, после спроведената истрага што покажала пристрасност на медиумот во покривањето вести од Украина.

Истовремено забележува дека новововедените закони во Русија ефикасно ги криминализираат сите медиуми што излегуваат од држвниот наратив, пишувајќи за руската агресија врз Украина како за „специјална воена операција“.

Руската телевизија одлуката ја окарактеризира како „лоша проценка“ на регулаторното тело за кое рече дека е само алатка во раце на властите во Лондон.

Инаку, Велика Британија само неколку дена после почетокот на воените дејствија во Украина забрани емитување на програмата на руската национална телевизија, така што денешната одлука на регулаторот Офком е само симболична.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе