Официјалните лица вклучени во подготовките за претседателските избори во Русија во 2024 година мора да престанат да користат iPhone уреди.

Ова, наводно, е новиот став што Кремљ го зазеде за телефоните на Apple, од безбедносни причини.
Сергеј Кириенко, првиот заменик началник на кабинетот на претседателот, им рекол на домашните политички претставници на семинарот организиран од Кремљ да ги сменат телефоните до 1 април, пишува весникот Kommersant.
„Сè е завршено за ајфоните, фрлете ги или дајте им ги на децата“, цитира è еден од учесниците на семинарот. „Сите ќе мора да го направат тоа во март.“
Како што пренесува Reuters, на прашањето за тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека не може да го потврди извештајот.
Apple не ги коментираше овие наводи.
Кремљ би можел да обезбеди други уреди со различни оперативни системи за да го заменат iPhone, наведува è, додавајќи дека наредбата за прекин на користењето на уредите на Apple била испратена до оние кои се вклучени во внатрешната политика, за што е одговорен Кириенко.
Рускиот претседател Владимир Путин долго време тврди дека не поседува паметен телефон, иако Песков рече дека рускиот претседател користи интернет одвреме-навреме.
Набргу откако Русија испрати војници во Украина минатата година, американските и британските шпиони открија разузнавачки информации дека Путин планира да изврши инвазија. Нејасно е како шпионите дошле до такви податоци.
Во март 2022 година, Apple престана да ги продава своите производи во Русија поради одлуката на Москва да ја нападне Украина. Сепак, министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров минатата година во септември им изјави на новинарите дека руските клиенти ќе имаат можност да ги купат најновите модели на iPhone.