Кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за катастар

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Т., поранешен директор на Агенцијата за катастар на недвижностите, Е.Д.А., вработена во Агенцијата на работното место државен советник, Г.Г., исто така вработен како државен советник, и С.М., вршител на работи во Агенцијата врз основа на договор на дело поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

„Во текот на 2016 и 2017 година со намера да стекнат противправна имотна корист пријавените ја искористиле службената положба и овластувањето на начин што без да склучат договор за ангажирање за давање консултантски услуги со Агенцијата за катастар како физички лица склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод од Србија и врз основа на извршените консултантски услуги на трансакциските сметки на пријавените пристигнале парични средства од Народната банка Србија со вкупен износ од 3.344.828 денари за кој износ пријавените го оштетиле буџетот на РМ“, соопшти Управата за финансиска полиција.

За патувањата во Републичкиот геодетски завод во Србија пријавените отворале патни налози и пријавувале патни трошоци за бензин со користење службени возила, подигале дневници од девизната благајна и сето тоа на трошок на буџетот на Агенцијата за катастар.

„Пријавените свесно и со однапред утврдена намера, иако знаеле дека не постои договор за нивно ангажирање од АКН за извршување консултантски услуги во Републичкиот геодетски завод Србија, ја искористиле својата службена положба и на нивните сметки противправно прибавиле 3.344.828 денари по основ надоместок за консултантски услуги“, соопшти финансиската полиција.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе