Кривични за двајца крадци кои ограбувале кафеани

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство против Д.Е.(21) и К.С. (21) и двајцата  од Скопје поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „тешки кражби“ и при тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 267.000 денари. 

Кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 30.06. до 20.07. годинава на подрачје на Центар. На првопријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. 

Првото кривично дело го извршиле на булевар ,,Мајка Тереза“ во гостилницата „Кај Гурман“, на тој начин што откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, првопријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил стаклото од лизгачката шалтерска врата и со посегање на раката ја отворил вратата од шалтерот влегол внатре, извршил пребарување и претурање во кујната и другиот простор каде што пронашол и украл еден телевизор, плински боци, плинско решо и околу 1000 денари, а додека второпријавениот чувал стража, по што не забележани од никого го напуштиле местото на настанот.

Второто кривично дело го извршиле на улица ,,Васил Главинов“ во кафе бар ,,Гарсон“ , на тој начин што се приближиле до влезната врата и со насилно кршење на излог стаклото направиле отвор, влегле во објектот каде што извршиле претурање и пребарување во шанкот каде пронашле и украле неколку шишиња со разни алкохолни пијалоци, два звучника и други предмети.

Третото кривично дело го извршиле на булевар „Св.Климент Охридски“ во „Скопски Фенери“ на тој начин што се приближиле до оградата, ја прескокнале и со погоден предмет првопријавениот делувал помеѓу крилото и рамката од еден прозорец, го отворил и влегол внатре каде извршил претурање и пребарување по што пронашол и украл поголема количина на алкохолни пијалоци, кафе, парични средства како и еден паричник со пари и документи, додека второпријавениот чувал стража.

На 16.09.2016 во просториите на ПС ОН Центар извршен е службен разговор со првопријавениот Д.Е., а додека по К.С. се трага.

Инаку против пријавените и во претходен период се поднесени кривични пријави и тоа против Д.Е. поднесени се 20 кривични пријави во Свети Николе, Струга, Велес, Охрид и Скопје од областа на имотните деликти, а додека против К.С. во претходен период поднесени се 13 кривични пријави во Крива Паланка, Охрид и Скопје од областа против половата слобода и половиот морал, кривични дела против животната средина, кривични дела против имотот и кривични дела против безбедноста на сообраќајот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе