Кривични пријави добија тројца прилепчани кои годинава во 10 наврати спровеле грабежи во цркви на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила.
Кривични од битолската полиција заработиле С.А. (27), С.А. (27) и В.К.(37), сите од Прилеп, поради сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.
Според информациите на полицијата, тројцата прилепчани во 10 наврати, во периодот од 07 август до 02 ноември 2017 година, извршиле тешки кражби во цркви во селата Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Беранци, Лознани, Новоселани, Вашарејца, Трап и Новаци на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила.
Пријавените кражбите ги вршеле групно, така што со употреба на сила и погоден алат ги кршеле катанците, ги отворале влезните врати од црквите и влегувале внатре. Најчесто одземале пари, но и бакарни предмети кои се користат за крштевање, продолжни кабли, златни ланчиња и друго.
Со своите дејствија, пријавените предизвикале вкупна материјална штета од 126.000 денари.