Куќа на Месечината? Нема проблем, има цена и за тоа

Британска компанија за посредување за земање кредит направи пресметка за набавка на недвижен имот во вселената.

 

По аванс од 4,35 милиони евра, месечната рата за заем за 25 години би изнесувала 272.500 евра.

Со цел да се подигне хипотека за заем за набавка на недвижен имот, потребна е многу документација. Критичен момент е проценка на вредноста на недвижноста, која секогаш може да биде предмет на спорење. И сега се поставува прашањето како може да се направи таа проценка ако недвижноста се наоѓа на - Месечината.

Познати се и најдобрите локации

Британскиот посредник за кредитирање Money на својата веб-страница ја објави првата проценка за тоа колку би чинела хипотека за имот на Месечината. Мотивацијата е веќе позната - на Земјата полека „се прави гужва“, па затоа треба малку да се гледа кон другите небесни тела. Претерно или не, Money размислува и за решение за купување недвижнини на Земјиниот сателит. И тие се водат од логично размислување, а тоа е дека дефинитивно не може да биде само обична куќа, туку комплетно нова градба што може да издржи на тешките услови што владеат на Месечината. И тука се трошоците за превоз од Земјата. Претпоставуваме и назад.

Најбарана локација е „Море од дожд“, каде квадратен метар земја би ве чинело околу 30 евроценти на метар квадратен, а во „Море од пари“ 4 евроценти. Понатаму проценуваат дека се потребни најмалку 26 работници со алати, опрема и материјали за да се изгради просечна еднокатна куќа од 72 квадратни метри. Бидејќи земјиштето е на оддалечена локација, треба да се вклучат трошоците за превоз, а тоа ќе бидат 6,75 милиони евра поради големата оддалеченост (384.000 км). Материјалот и опремата за нова куќа мора да бидат далеку поцврсти и потрајни отколку кога станува збор за градба на Земјата, климатизацијата и греењето треба да бидат како за фабрички погон, вратите да имаат воздушна комора, прозорците да го издржат влијанието на метеорите, енергетските извори мора да бидат сосема различни. Сето тоа би чинело 33,75 милиони евра. Значи, сѐ заедно, земјиштето, патот и градењето би чинеле повеќе од 40,5 милиони евра.

URL

Да сметаме дека најверојатно нема да бидеме први во ваквиот подвиг, па тогаш споменатите трошоци ќе бидат пониски, но сепак станува збор за 34 милиони евра. Претпоставуваме, сепак, дека ќе ја купите првата куќа на Месечината, па така, ако ја земеме реалната маржа на профит во градежната индустрија од 27 проценти, тогаш опишаната куќа ќе се понуди на пазарот за 51 милион евра. Кога започне таа конструкција и веќе се градат неколку згради на Земјиниот сателит, тогаш од вкупната сума може да се исклучат трошоците за транспорт на алатки и опрема што се веќе таму, така што ќе се стигне до „подносливи“ 43,5 милиони. Ако авансот е 10 проценти, тоа значи дека мора да имате 4,35 милиони евра, а колку ќе плаќате месечно, треба да видите во банката која би била подготвена да одобри ваков заем. Во склучајов се наведени рати од 272.500 евра месечно за 25 години.

Потоа треба да се грижите за долгорочно снабдување со енергија, а се препорачува да купите помал нуклеарен реактор вреден 1,165 милијарди евра, што е очигледно прескапо, па затоа е подобро да инвестирате во 34 соларни панели, што треба да биде доволно, а ќе ги најдете за околу 20.000 евра.

Храна што се одгледува на Месечината

Експертите на Money навистина мислеа на сè, тоа е навистина прилично обемна анализа на цената на идниот одржлив живот на Месечината, која ги опфати сите аспекти, како и голем број локации кои очигледно веќе се разгледуваат на многу сериозен начин во одредени кругови. Затоа, цените се веќе формирани, начините на снабдување со енергија и вода, но и со храна што, според сите проценки, ќе се одгледува на Земјиниот сателит. И сето ова не е малку, односно е недостижно во овој момент. За снабдување со вода, што би вклучувало наводнување на плантажите, би биле потребни огромни количини на течност, што би се добила со рециклирање и со експлоатација на мразот на Месечината. Не можете да го довлечкате од Земјата, дефинитивно.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Вести

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Read more

Microsoft враќа некои од старите функции во Windows 11

Read more

Microsoft враќа омилена функција во Windows 11

Read more

Microsoft воведува функција што ја чекавме со децении - Windows се поправа сам

Read more
 

Гик

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Читај повеќе

Крај на бесплатното твитање: X воведува драстични ограничувања, дури и на приватните пораки

Читај повеќе
  • play_arrow

За кои ретро мобилни телефони колекционерите денес плаќаат десетици илјади долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астероид денеска поминува блиску до Земјата: Каде можете да го гледате?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Читај повеќе

Microsoft враќа некои од старите функции во Windows 11

Читај повеќе

Microsoft враќа омилена функција во Windows 11

Читај повеќе

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Читај повеќе

Microsoft воведува функција што ја чекавме со децении - Windows се поправа сам

Читај повеќе