Кумановци добија бесплатен јавен превоз во наредните 6 месеци

Кумановци ќе имаат бесплатен превоз наредните шест месеци, донесоа одлука советниците на последната седница.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци, со тенденција да продолжи и во иднина.

– Со оваа одлука, граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско – енергетска криза, граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби, потенцираше Димитриевски.

Речиси 80% од кумановци на претходно спроведената анекта, покажаа интерес за воведување бесплатен автобуски превоз. Според анкетата „Јавниот превоз во Општина Куманово, потреба од бесплатен јавен превоз и негово влијание врз квалитетот на животот на граѓаните“, високи 79% сакаат бесплатен превоз, наспрема 13,9% кои не сакаат.

Скоро 45% од испитаните кумановци, сметаат дека бесплатниот превоз ќе помогне во заштедата во семејните буџети, 23% мислат дека ќе се намали метежот, 16% веруваат дека ќе се влијае врз намалување на аерозагадувањето, според 6,4%, ќе се ублажи недостигот на паркинг места.

Инаку, во Куманово, според анкетата, јавен превоз користат 43,8% од граѓаните, кои ги оцениле со тројка вршителите на јавниот превоз во градот.

Анкетата беше направена на репрезентативен примерок од 1.018 испитаници на територија на Општина Куманово.

Дел од мерките за намалување на аерозагадувањето е користење на јавен превоз. Тоа директно влијае врз намалување на аерозагадувањето, проблем со кој најголемата општина се соочува со години.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе