КУП НА МАКЕДОНИЈА 2021/22

Куп жрепка: Четвртфинална класика Пелистер - Вардар

Филип Здравески
/ 02.11.2021 / 13:19

Четвртфиналната жрепка за фудбалскиот Куп на Македонија одлучи еден против друг да играат најголемите ривали Вардар и Пелистер, иако и двата се далеку од фаворити за овогодинешниот пехар.

Фото: ФК Вардар Скопје

Во просториите на ФФМ денеска се изврши жрепката за четвртфиналето од јубилејната 30-та сезона во најмасовсното клупско домашно натпреварување. Бранителот Силекс походот кон одбрана на титулата ќе го продолжи против штипска Брегалница, клуб кој има за цел прв пат во својата историја да дојде до финалето до кое изминативе неколку сезони стигнува блиску, но никако да го направи последниот чекор.

Главни фаворите годинава дефинитивно се Шкендија и Шкупи, особено чаискиот клуб кој гази во лигата. Шкендија ќе ја пречека Струга, додека „Гулабите“ ќе патуваат кај локалниот ривал Македонија Ѓорче Петров.

Извлечени беа како прва двојка, но како најголемо дерби во оваа фаза ги оставаме за крај. Фортуната посака во Битола да ги одмерат силите Пелистер и Вардар, најголемите ривали во историјата на македонскиот фудбал. Иако и двата се мачат сезонава бидејќи битолчани се на дното од првата лига, а скопјани ги живеат најтешките денови и за прв пат играат во втората лига, сепак нивните имиња си го прават своето, без разлика на резултатите да овој натпревар е дербито на четвртфиналето.

Ова дерби ќе ги разбуди спомените на првото историско финале, одиграно во мај 1993 година кога токму овие два великана испишаа историја во независна Македонија, а „Црвено-црните“ го зграпчија пехарот победувајќи со 1:0. Сега, составите се далеку од тие времиња кога плејада познати фудбалски мајстори ги носеа двата дреса, но нивните имиња сепак си го прават своето и овој натпревар ќе биде центарот на вниманието на фудбалската јавност, а сигурно и на трибините ќе биде весело.

Четвртфинални двојки:

Пелистер - Вардар
Силекс - Брегалница
Шкендија - Струга
Македонија ЃП - Шкупи

Натпреварите се закажани за 24 овој месец со почеток од 13 часот. Се игра само еден натпревар, без реванш, а доколку по 90 минути нема победник веднаш ќе се шутираат пенали, без продолженија.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе