Фудбал

Куртоа мета на критики: Сега го бакнуваш грбот на Реал, а пред пет години ги пцуеше навивачите

10. август 2018 - 12:36 | А.С.

Навивачите на Атлетико Мадрид, поранешниот клуб на Тибо Куртоа, го потсетија белгискиот голман што им пееше на навивачите на Реал Мадрид кога бранеше за Атлетико.

Во дресот на „јорганџиите“ Куртоа играше од 2011 до 2014 година како позајмица и во 2013 го освои Купот на кралевите со Атлетико.

Тогаш излезе на балконот на градската куќа во Мадрид и ја запеа навредливата песна „salta, salta, salta pequeno canguro y a los madridistas..." во која ги пцуе и ги навредува навивачите на Реал Мадрид.

Пет години подоцна, Куртоа на официјалното претставување во Реал Мадрид го бакна грбот на клубот каде премина од редовите на Челзи.

Логично, следеше извинување од Белгиецот на прес-конференцијата.

„Тогаш бев многу млад. Дозволив да ме понесе моментот и барам прошка, што не е типично за мене. Ќе дадам сѐ за грбот на Реал Мадрид“, рече Куртоа.

Белгискиот голман премина во Реал за околу 35 милиони евра, еден месец откако со репрезентацијата го освои третото место на Светското првенство во Русија.

Коментирај