Куртоа сака да премине во Реал Мадрид

Менџерот на Челзи Маурицио Сари даде изјава за медиумите по поразот од 2:0 против Манчестер Сити дека Тибо Куртоа би можел да ги напушти „сините“ летово, објави „Guardian“.

Сѐ почесто се шпекулира дека Белгиецот сака да си замине од лондонскиот клуб, а гласините ги потврди и неговиот агент пред два дена.

Кристоф Хенротај рече дека Куртоа сака да премине во Реал Мадрид, а еден од мотивите е фактот дека ќерка му живее во Шпанија и сака да биде поблиску до неа. Сепак, Сари не сака да слушне што има да каже агентот, туку сака да разговара со Куртоа лично, како што и самиот кажа по вчерашниот пораз.

„Сакам да слушнам што има да каже Куртоа. Ако ми го каже истото што ми го кажа неговиот агент, тогаш секако дека мора да раговараме. Сакаме играчи кои се мотивирани“, рече Италијанецот.

Со оглед на тоа дека трансфер периодот во Англија е скратен оваа сезона и трае до 10 август, еден од условите за да премине Куртоа во Реал е да се најде замена за голманот на Челзи.

Сари уште немал прилика да работи со Белгиецот сезонава бидејќи Куртоа е на продолжен одмор заедно со уште петмина играчи на Челзи поради Светското првенство. Се поставува прашањето дали Челзи ќе успее да најде доволно добра замена до петок.

„Сините“ не одиграа добро против Сити и сега се отвораат прашањата колку може да бидат конкурентни сезонава, а заминувањето на еден од најдобрите голмани сигурно не би одело во прилог на амбициите на лондонскиот клуб.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more
 

Спорт

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе