ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Лацио одби понуди од Челси и Њукасл за Милинковиќ-Савиќ

Премиерлигашите Челси и Њукасл се загреани во своите редови да го донесат српскиот репрезентативец, но нивните досегашни понуди се недоволни за римскиот клуб.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ минатата сезона во Серија А постигна 11 гола на 37 натпревари, а запиша и исто толку асистенции, со што и натаму важи за еден од најпосакуваните офанзивци на Чизмата. Иако изминативе години често се спомнуваше негов трансфер по поконкурентен клуб, тоа никогаш не се оствари, па ова лето повторно се актуелни понудите кои за него ги добива Лацио.

Il Messaggero тврди дека Челси и Њукасл доставиле понуди вредни околу 55 милиони евра, но Лацио ги одбил и двете со изговор дека се малку за она што го нуди Србинот на теренот. Според реномираниот Transfermarkt моменталната вредност на Сергеј е 70 милиони евра, па нормално е што Лацио не сака ни да чуе за сума помала од таа.

Клаудио Лотито, претседателот на Лацио, за него бараше вртоглави 100 милиони евра пред пандемијата, но сега би се согласил за сума од 70-80 милиони евра. Ниту еден клуб сѐ уште нема доставено таква понуда за 27-годишниот Србин.

Неговиот договор со „Бјанкочелестите“ важи до јуни 2024 година. Во Рим дојде од редовите на белгиски Гент за 12 милиони евра, само една сезона откако таму замина од српска Војводина за отштета од само 1 милион евра.

Сергеј е роден во Шпанија кога неговиот татко Никола Милинковиќ настапувал за Љеида. Досега има 231 настап во Серија А, 48 гола и 41 асистенција. Има и 34 настапи за репрезентацијата на Србија за која има постигнато и 6 голови.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе