Менаџерот на Челси, Франк Лампард, го коментираше претстојниот натпревар за ФА Купот, во кој „Сините“ ќе се соочат со Арсенал.
– Ние сакаме да победиме, тоа е едноставно. Знам колку е важен овој трофеј за навивачите, затоа сакам да го освојам за нив и за мојата екипа. Пораснав гледајќи го финалето на ФА Купот, се сеќавам на сите многу добро. Ако ми дадете 5 минути, ќе ги набројам сите од 90-тите. Има некоја магија во тоа како се чувствувате откако ќе победите. Јас сè уште го имам тоа чувство во себе, па ќе се обидам да им помогнам на моите играчи и навивачи да се чувствуваат на ист начин, вели тренерот.
Лампард призна дека не разговарал со сопственикот на „Cините“ – Роман Абрамович, но нема потреба.
– Нема потреба од повик или порака, бидејќи ја чувствував неговата поддршка постојано откако ја презедов работата. Тој ме поддржуваше уште како играч, сега сакам да му вратам, посочува Лампард.